Првиот и последен претседател на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов, изјави дека најважната работа во неговиот живот била перестројката и се што е поврзано со неа.

Горбачов, кој денеска наполни 90 години, во интервју за ТАС С, дека е длабоко уверен дека перестројката била неопходна. Тој вели дека знае дека го критикуваат поради „лековерност“.

– Но, да не им верував на луѓето, народот, перестројката воопшто немаше да започне – истакнал Горбачов.

Тој додава и дека многумина го критикуивале поради „гласноста“, но дека без неа ништо во земјата не би се променило.

– Најважното што го постигнавме во земјата е дека луѓето стекнаа слобода, ставија точка на тоталитарен систем – нагласи Горбачов.

Тој рече дека на надворешнополитичката сцена најважно било крајот на студената војна и радилано намалување на нуклеарното оружје.