Четири лица се убиени, а повеќемина се ранети кога вооружен напаѓач отворил оган во ресторан во Нешвил, јави Фокс њуз.

Напаѓачот, кој бил целосно гол, почнал да пука уште пред ресторанот „Вафл Хаус“, каде што застрелал две лица, потоа влегол внатре и убил уште двајца, а ранил повеќемина во Нешвил во американската сојузна држава Тенеси, но еден од посетителите успеал да му ја земе пушката. Напаѓачот успеал да побегне.

Полицијата од Нешвил објави дека нападот го извршил 29 годишниот Тревис Реинкинг од Мортон, во сојузната држава Илиноис.

Засега нема други детали за мотивите на нападот.