Голем пожар синоќа зафати облакодер во изградба кој се наоѓа во главниот град на Полска, Варшава. Огнот ја зафатил главната конструкција на врвот на облакодерот висок 129 метри.

Пожарникарите за многу кратко време пристигнале на местото, а луѓето кои живеат во близина биле евакуирани за да се избегне опасноста да настрадаат при евентуално рушење на делови од зградата.

Во моентот на пожарот во облакодерот немало луѓе и според првичните извештаи никој не е повреден.