Најмалку десет лица загинаа, а 30 се повредени во пожар што ја зафати ковид-болницата во југоисточен Багдад.

Пожарот во болницата Ибн Катиб во областа мост Диал во ирачката престолнина најверојатно е предизвикан од експлозија на резервоар за кислород, пренесува „Ројтерс“.

Голем број амбуланти се движат кон болницата, носејќи ги повредените од пожарот, објавија фоторепортерите на Ројтерс кои беа во близина на местото на несреќата.

Другите пациенти од болницата биле префрлени во друга здравствена установа, соопштија медицински извори.