Полицијата во францускиот град Стразбур потврди дека рано утрово избувнал пожар во зградата на компјутерската компанија ОВХ, пренесува „Ројтерс“.
Агенцијата наведува дека полицијата објавила дека стотина пожарникари се распоредени на самото место и дека пожарот е претежно локализиран. Нема извештај за повредени лица.