Велика Британија, Франција и Германија го предупредија Иран веќе да не го крши меѓународниот нуклеарен договор потпишан во 2015 година, јавува Би-би-си.

На маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк, трите потписнички на договорот изјавија дека, во случај на нови прекршувања на договорот, ќе почнат со посебен механизам за спорови.

Во тој случај, целиот нуклеарен договор би пропаднал и ООН би можеле повторно да воведат санкции за Иран.

Се вели дека Иран почнал да ги крши своите обврски од договорот, откако САД го напуштија минатата година и воведоа санкции за земјата.

Од ООН велат дека Иран користи забранета технологија за збогатување ураниум, но Иран го негира тоа.