Корисниците на дигиталните платформи Инстаграм, Фејсбук и Ватсап моментно имаат проблеми и не можат да се користат.

Почетните страници на овие дигитални платформи не можат да се отворат, проблемите со овие неколку апликации почнаа да се појавуваат по 17 часот.

Корисниците на овие мрежи се жалат дека не можат да ги освежат вестите и да испраќаат пораки.

– Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме на проблемот и се надеваме дека ќе ги вратиме работите во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите – велат од компанијата „Фејсбук“.