Фото: Илустрација

Во интензивните воени судири во Либија, силите на одметнатиот генерал Калифа Хафтар ја загубија контролата врз Гарјан, стратешки многу важен град во битката со силите на владата поддржани од Обеднинетите нации (ОН), јавува „Индепендент“.

Градот го надгледува планинскиот премин кој води од главниот град Триполи до делот од земјата богат со нафта и питка вода. Силите на Хафтар го преземаа ова место на почетокот на воената офанзива пред околку два и пол месеци, но не успеаја да ја задржат контролата врз стратешки клучната локација.

Борците на Владата за национална спогодба (ГНА) објавуваа видеа на Интернет од градот оваа недела, каде може да се забележат заробени борци на Хафтар, како и видео-материјали од офицерската соба на бунтовниците.

Други видео снимки беа објавувани од силите на Либиската национална армија (ЛНА) на Хафтар, на кои можеше да се забележи конвој на силите на одметнаниот генерал со голема брзина бегаат од градот. Според информациите од локалните медиуми, има жртви од двете страни, како и голема бројка на цивили кои се повредени во престрелките.

Жители на локалното население твдрдат дека силите на ГНА преземале целосна контрола без Гарјан, иако борците на Хафтар тврдеа дека тие загубиле само дел од него. Командирот на ЛНА Мабрук ал Газви изјави за локалните медиуми дека тајни групи на оперативци кои делувале во Гарјан биле кучни во преземање на градот.

– Изненадното преземање на градот од страна на ГНА може да се докаже како значен чекор во војната меѓу двете страни, која во последно време беше заглавена во ќор-сокак. Исто така, ова може да значи и сериозен удар за Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Египет и Русија, кои му дадоа поддршка на Хафтар како моќник кој би можел да го врати редот во Либија – анализираат од „Индепендент“.

Од друга страна, Турција и Катар им доставија оружје на ГНА, како и дипломатска и финансиска поддршка.

Силите на Хафтар кои се лоцирани во источна Либија, ја преземаа контролата на Гарјан на 4 април и го претворија во логистички команден центар. Градот, кој се наоѓа на 90 километри јужно од Триполи, е значаен поради тоа што служи како премин и кон главниот град и кон нафтените полиња, но и кон планинскиот венец Нафуса на западот од земјата.

Во моментов, Хафтар се уште го контролира градот Тархуна кој е во близина на Триполи, како и поголемиот дел од југозападот на Либија.