Русија годинава онлајн ја одбележува 75-годишнината од победата во Втората светска војна, наместо со традиционалната воена парада.

Поради пандемијата на коронавирусот, голем број настани ќе се одржат само преку интернет.

Планирана е воздухопловна демонстрација над 47 руски градови.

Во текот на денот се очекува рускиот претседател Владимир Путин да се обрати пред нацијата и да положи цвеќе пред споменикот на Вечниот пламен.

Лидерот на Северна Кореја, Ким Jонг-ун, упати честитка до рускиот претседател Владимир Путин, по повод 75-годишнината од победата над фашизмот.

Ким во честитката наведе дека рускиот народ покажал херојство и несебичност пред 75 години, постигнувајќи Голема Победа во војната против фашизмот, пренесува „ТАСС“.

Херојските дела на рускиот народ, се вели во честитката, засекогаш ќе останат во сеќавањето на луѓето од сите земји кои ја сакаат правдата и мирот.