Бостонскиот весник „Глоуб“ го повика печатот ширум САД да објави уреднички коментари во кои ќе ги осуди „честите напади“ на американскиот претседател Доналд Трамп врз медимиуте.

„Глоуб“ апелираше до уредниците на американските весници на 16 август да објават уреднички коментари со кои ќе „пружат координиран одговор на валканата војна против слободата на медиумите“ што ја води Трамп.

Уредничките колегиуми треба да застанат во одбрана на слободата на медиумите независно од нивниот генерален став кон политиката на американскиот претседател, наведува бостонскиот весник.

„Глоуб“ посочува дека досега десетина медиуми, меѓу кои и високотиражни и локални весници, го прифатиле повикот и најавиле дека ќе објават текстови на оваа тема.

Трамп многу често ги нарекува медиумите „лажни вести“, а новинарите ги оквалификува како негови „вистински политички противници“.