Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на првата половина на 2019 година, со што за првпат во историјата го надминаа износот од 250 трилиони долари, соопшти Меѓународниот институт за финансии.

На зголемувањето на глобалниот долг најмногу влијаеле должниците во САД и Кина, чии власти, претпријатија и поединци учествуваат со 60 проценти од годинешното зголемување, пренесува Си-ен-би-си.

Меѓународниот институт за финансии вели дека глобалниот долг ќе достигне 255 трилиони долари до крајот на годината. Економиите во развој достигнаа рекорден долг од 71,4 трилиони долари, или 220 проценти од бруто-домашниот производ.

Растот на долговите првенствено е поттикнат од ниските каматни стапки коишто ги наметнаа националните централни банки и растечкиот пазар на државни обврзници.

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека 40 проценти од кредитите што ги земаат корпорациите во развиените економии се потенцијално ненаплатливи во случај на глобална рецесија.