Речиси две третини од Германците сметаат дека американскиот претседател Доналд Трамп е поголема закана за светскиот мир отколку рускиот претседател Владимир Путин, покажа истражувањето во пресрет на средбата на овие двајца лидери.

Трамп и Путин утре ќе се сретнат во Хелсинки, на разговори кои имаат за цел да ги зајакнат односите меѓу двете земји.

Мнозинството од вкупно 2.052 испитаници на анкетата ЈуГов, објавена во недела, велат и дека Путин е посимпатичен, покомпетентен и помоќен од Трамп.

Само пет отсто од испитаниците сметаат дека Трамп е комплетен лидер, а 56 отсто тоа го мислат за Путин, додека остатокот не одговориле.

Истражувањето уште покажало дека мнозинството го сметаат Путин за помоќен(43 отсто во однос на 25 отсто), иако САД се воено и економски помоќни од Русија.

Севкупно, 64 отсто од испитаниците сметаат дека Трамп е поголема закана за светскиот мир отколку Путин(16 отсто).