Германската социјалдемократска партија(СДП) ја избра поранешната министерка за труд Андреа Налес за претседател на партијата, со што таа стана првата жена на чело на најстарата политичка партија во земјата.

Нејзина задача сега ќе биде да  ги изведе социјалдемократите од сегашната криза.

На вонредниот конгрес во западниот град Визбаден, 47-годишната самохрана мајка Налес доби 66 проценти од гласовите наспроти градоначалничката на Фленсбург Симоне Ланге.