Германската полиција денеска спречи учество на двајца турски опозициски политичари на собир во градот Келн, организиран од Курди што живеат во Германија во знак на протест поради воената интервенција на Турција во Сирија.

Како што јави ДПА, германската полиција не им дозволила на Ахмет Јилдирим и Тугба Хезер од курдската Демократска партија на народите (ХДП) да се обратат на собирот. 

Германските власти уште претходно соопштија дека во пресрет на предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција, закажани за 24 јуни, нема да им дозволи на турските политичари да организраат и да учествуваат на собири во Германија. 

Анкара има распишано потерница по Хезер под обвинение за повзраност со бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК), која се бори за автономија на регионите во Турција каде Курдите се мнозинство. ПКК се наоѓа на листата на терориситчки организации на Турција, ЕУ и САД.