Германка на возраст од 31 година исчезна во Дунав додека во реката го барала својот мобилен телефон, соопштија полициски извори.

Очевидци на настанот изјавиле дека нејзиниот мобилен телефон во текот на ноќта паднал во реката во која влегла кај железнички мост во германскиот град Ној Улм.

Жената испливала малку подалеку од столб на мостот, по што ненадејно исчезнала. Нејзината цимерка веднаш ги повикала службите за итни случаи.

Властите истакнаа дека речниот тек меѓу сојузните покраини Баварија и Баден-Вуертемберг е исклучително силен.

Полицијата го испитува исказот од локален жител дека 31-годишната жена можеби и излегла од реката, соопшти полицискиот портпарол.

Во потрагата се вклучени и нуркачи, сонорно пловило и полициски хеликоптер.