Германската полиција денеска соопшти дека го засили надзорот на границата со Холандија по вооружениот напад во Утрехт, при што едно лице загина, а неколку лица се повредени.

Портпаролот на сојузната полиција во покраината Северна Рајна Вестфалија, Хајнрих Онштајн изјави дека се распоредени дополнителни полициски сили да ги надгледуваат не само главните автопатишта, туку и помалите премини и железничките траси.

Тој додаде дека сојузната полиција е во постојан контакт со властите во Холандија, како и дека имаат опис на напаѓачот.

Претходно, германските власти соопштија дека трагаат по црвено „Рено клио“, но подоцна автомобилот е пронајден напуштен во Утрехт.

Во меѓувреме холандската полиција соопшти дека неколку часа по нападот се слушнале на повеќе локации во Утрехт. Истрели имало и во близина на џамијата во Утрехт.

Напаѓачот од трамвајот се уште не е уапсен.

Припадници на антитерористичката единица опколија една зграда под претпоставка дека таму се крие напаѓачот.

Поради нападот во Утрехт затворени муслиманските храмови, но и универзитетите и училиштата во другите холандски градови.

Претходно, портпаролот на холандската полиција Јост Ланшаге изјави дека најверојатно станува збор за терористички напад.