Канцеларката Ангела Меркел рече дека Германија сѐ уште сноси одговорност за Израел, додека разговараше со премиерот Нафтали Бенет за време на нејзиното последно официјално патување во земјата.

– Холокаустот, се разбира, е единствен настан за кој ние и понатаму сме одговорни. Во секоја фаза од минатото, како и во иднина – рече Меркел.

Бенет ја пофали улогата на Меркел во консолидирање на специјалниот однос меѓу двете земји врз основа на историската, длабока рана нанесена од нацистичка Германија врз Евреите во Втората светска војна.

Меркел планираше патување во Израел на крајот на август, но тоа беше одложено поради развојот на ситуацијата во Авганистан и доаѓањето на Талибанците на власт.

Подоцна во неделата, канцеларката во присуство на Бенет планира да положи венец во Меморијалниот центар Хад Васем во Ерусалим.