Германската метеоролошка служба ДВД потврди дека овој април и мај биле најтопли во земјата од 1881 година, при тоа додавајќи дека екстремните температури се потврда на климатските промени.

– Последните години доживуваме серија климатски рекорди кои сите заедно можат единствено да се разберат во контекст на климатските промени – рече Пол Бекер, заменик директор на ДВД.

Од ДВД уште додаваат дека во април и мај, покрај есктремно топлото време, забележани се и некои други временски екстреми, како бури и поројни дождови.