Германија привремено им ги прекина летовите на руски компании како одговор на потегот на Москва, која одби да издаде дозвола за летови на „Луфтханза“ кон Русија.

Ова се случува по конфликтот меѓу Западот и Русија поради присилното слетување на авионот на „Рајанер“ во Минск, а Министерството за надворешни работи прецизира дека руските авијациски власти не ја обновиле дозволата за германската компанија за јуни, што значи дека летот што требало да полета утринава е откажан.

Како одговор Германија одби да им одобри дозволи на „Аерофлот“ и „С7“, кои летаат од Русија.