Германија очекува ЕУ да се согласи за воведување на санкции против Кина за кршење на човековите права, изјави денеска во Берлин министерот за надворешни работи, Хајко Мас.

Според дипломатски извори, на 22 март Европската Унија ќе санкционира четворица кинески официјални лица и еден субјект со забрана за патување и замрзнување на имот – за кршење на човековите права на муслиманското малцинство Ујгури во Кина.

„Да, мислам дека ќе има договор“, рече Мас на прашањето дали верува дека ќе се воведат санкции.

– Со санкциите за кршење на човековите права, создадовме можност да ги казниме кршењата на човековите права и очигледно сакаме да го користиме овој инструмент – рече германскиот министер за надворешни работи.