Германија планира воведување на закон со кој ќе се забрани употребата на пластичните кеси, бидејќи доброволниот договор со трговците да се намали нивната употреба не дале доволно добри резултати, изјави денеска министерката за екологија, Свења Шулц.

– Моето министерство ќе донесе забрана за употреба на пластичните кеси – изјави таа не наведувајќи ја временската рамка за тој план.

Европската Унија најави забрана на голем број пластични производи за еднократна употреба како што се сламките, вилушките и ножевите до 2021 година.