Германија минатата година потрошила рекордни 23 милијарди евра за интеграција на повеќе од милион бегалци во Германија и за борбата против причините за миграцијата во странство, се наведува во владиниот извештај, во кој „Ројтерс“ имал увид.

Овие трошоци се зголемени за речиси 11 отсто. Во 2017 година биле потрошени 20,8 милијарди евра, според извештајот на Министерството за финансии.

Зголемениот износ пред сè е резултат на поголемите трошоци за мерките кои мигрантите треба да ги држат надвор од ЕУ, односно за подобрување на условите за живот во нивните земји.

Владата на Германија лани потрошила 7,9 милијарди евра за борба против миграцијата, што е зголемување за 16 отсто во однос на 2017 година.