Германските царински власти запленија 4,5 тони кокаин во контејнер од Уругвај, чијашто проценета улична вредност изнесува речиси една милијарда евра.

Царинската канцеларија во Хамбург наведе дека дрогата била запленета пред две недели кога бил проверен контејнер што од Монтевидео до Антверпен во Белгија, пренесе „АП“.

Во документите се наведува дека контејнерот бил исполнет со соја, но царинските службеници виделе црни спортски торби кога ги отвориле.

Тие пронашле повеќе од 4200 пакувања кокаин во 211 кеси, што е најголемата заплена на кокаин во Германија досега.

Царинската канцеларија соопшти дека дрогата веќе е уништена во услови на строга доверливост и безбедносен протокол.