Германскиот суд ја забрани работата на американската компанија за превоз на патници „Убер“, преку која се закажува возење на мобилна апликација.

Според судот, компанијата не ги поседува потребните дозволи за превоз на патници во германските градови.

Компанијата „Убер“ во Германија работи во седум град, вклучително Франкфурт, Берлин и Минхен и соработува само со фирми за изнајмување автомобили со лиценцирани возачи.

„Убер“ во ноември ја изгуби дозволата за работа во Лондон со образложение дека ги доведува во опасност своите патници.

Американската компанија најави жалба на одлуката на германскиот суд.