Германија ќе учествува заедно со Русија, Турција и Франција на меѓународна конференција во октомври за Сирија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

– Главна тема ќе биде критичната ситуација во последниот бунтовнички бастион, провинцијата Идлиб, нагласи Меркел на заедничка прес конференција со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Во разговорите ќе учествуваат рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон. Русија и Турција неодамна склучија договор за бафер-зона во Идлиб.