Германија ги отфрли барањата на САД за распоредување на копнени сили во Сирија, став кој најверојатно ќе го налути претседателот Доналд Трамп, кој бараше од канцеларката Ангела Меркел да ја зголеми воената улога на Блискиот Исток.

– Кога ќе кажам дека владата предвидува придржување до актуелните мерки во воената коалиција против Исламската држава, ова не вклучува никакви копнени сили, како што е добро познато – изјави портпаролот на владата Штефен Зајберт на редовната прес-конференција.