Германија ќе ги укине економските санкции што ги воведе кон Анкара пред една година, јави „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Берлин забрани извоз на стоки во Турција во вредност од 1,5 милијарди евра како резултат на притворањето на германски активист за човекови права и пет други активисти, меѓу кои и шефот на „Амнести интернешнел“.

Санкциите ќе бидат укинати во новата фискална година, информирале официјални претставници на германското Министерство за економија.

Покрај тоа, Берлин ќе го олесни и режимот за германските државјани кои патуваат во Турција.