Во разорните поплави во Германија загинаа близу 60 лица, а повеќе од илјада лица се водат за исчезнати само во една област, поради што канцеларката Ангела Меркел изрази сочувство до жртвите од како што ја нарече „катастрофата“, чиј што размер ќе се види во наредните денови.

Досега официјалниот биланс на жртви во Германија е 58, а најмалку 30 во државата Северна Рајна-Вестфалија и 28 во соседната Рајнанд-Фалц.

Властите во областа Ахвилер во Западна Германија синоќа соопштија дека очекуваат да се зголеми бројот на жртвите, додавајќи дека околу 1.300 лица се водат како исчезнати, но истакнаа дека треба да се има предвид дека има оштетувања на мобилните мрежи.

Во градот Бад Ноенахр-Арвилер се извршени повеќе спасувачки мисии, а некои сè уште траат.

Повеќе од 1.000 спасувачи ја помагаат областа, додека властите велат дека е рано да се каже колкава е штетата.