Германски државјанин е уапсен на границата со Франција под сомнение дека сакал да купи огнено оружје за да се подготви за исламистички терористички напад.

Информацијата ја соопштија денеска германски официјални лица.

Обвинителството во германската провинција Баден-Вуртемберг објави дека 21-годишник, чие име не е објавено, бил приведен вчера кога се обидел да влезе од соседна Франција, во која живее, објавија тамошните медиуми.