Гватемалските мигранти во САД треба да добијат привремена заштита од депортација поради неодамнешните ерупции на вулканот Фуего, побараа официјални претставници на Гватемала.

Претседателот Џими Моралес напиша на Твитер дека го повикал Министерството за надворешни работи да побара од САД привремена заштита на мигрантите од Гватемала.

– Барањето се должи на несреќата со вулканот Фуего- изјави портпаролка на Министерството за надворешни работи.

Фуего е 40 километри југозападно од главниот град Гватемала, во близина на градот Антигва, прогласен од страна на УНЕСКО како светско културно наследство. Вулканот почна да еруптира на 3 јуни и притоа загинаа најмалку 112 луѓе.