Венецуелскиот претседател Николас Мадуро твдри дека безбедносните сили спречиле обид за негов атентат и поставување на поранешниот министер за одбрана како премиер, јавува Би-би-си.

Тој истакна дека „фашистичкиот“ заговор го вклучува и лидерот на опозицијата Хуан Гваидо, поддржан од САД, Колумбија, Чиле и од Израел. Гваидо ги отфли обвинувањата, велејќи дека медиумите веќе „не можат да избројат“ колку вакви обвиненија има за него.

Претседателот ја интензивираше истрагата врз опозицијата по неуспешниот бид за државен удар од страна на опозицијата на Гваидо, во април.

Претходно оваа недела, шест војници и полицајци беа уапсени поради овие наводи, а според министерот за комуникации Жорге Родригез повеќе од 12 лица, вклучувајќи активни и пензионирани армиски офицери, биле вклучени во заговорот за атентат.

Според неофицијални информации, планот бил да се преземе контролата во три воени бази и да се ликвидираат Мадуро, неговата сопруга и седум други важни вршители на должности во владата и Социјалистичката партија.

Родригез исто така рече дека заговорниците имале намера да го извадат од затвор поранешниот министер за одбрана раул Бадуел и да го прогласат за премиер. Бадуел како лидер на опозицијата стана познат на светската јавност во 2007 година, откако претходно работеше за поранешниот претседател Хуго Чавез. Тој го привлече вниманието и во 2009 година, кога властите го уапсија за корпуција, обвиненија кои тој ги отфрли.

Првиот човек на Националното Собрание на Венецуела, Хуан Гваидо, се прогласи за привремен претседател на земјата во јануари и доби поддршка од повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги и САД и поголемиот дел од Латинска Америка. Од друга страна, Мадуро се уште ја има поддршката од војската и важните сојузници како Кина и Русија.