Претседателот на Србија Александар Вуќиќ по обиколката на железарата во Смедерево Хестил Србија, која е во сопственост на кинеската компанија  „Хбис груп“, изјави дека очекува една кинеска компанија да се јави на тендерот за стратешко партнерство за Рударско-топионичарски басен (РТБ) Бор.

– Очекувам една кинеска компанија да се јави на тендерот РТБ Бор , кој во најкус можен период ќе биде распишан за десетина дена- истакна Вучиќ.

Тој најави дека кон крајот на летото или на почетокот од есента ќе се состане со кинескиот претседател Си Џинпинг во Кина и дека ќе го моли за еден голем проект.

Вучиќ наведе и дека двапати неделно се состанува со кинескиот амбасадор Ли Манчанг, со кого разговара за разни теми и проекти, како и дека ќе имаат уште една тема за разговор доклку Кинезите дадат најдобра понуда на тендерот за стратешко партнерство за РТБ Бор.

– Тогаш ќе има Кинези од Смедерево до Бор- истакна Вучиќ.