Mилиони луѓе се загрозени од силните дождови и поплави коишто ја зафатија Кина, особено местата лоцирани на реката Јангцекјанг, а нивото на заштита од поплави е подигнато на втор степен.
Многу пороен дожд паѓа веќе два дена во Вухан и околината, а во некои делови, паднаа дури 250 милиметри дожд за 24 часа, или 250 литри на метар квадратен, објави „Ксинхуа“.

На многу места, реките го преминале нивото на одбрана од поплави, а во Вухан се борат да го спасат градот од поплавување.
Според „Ксинхуа“, се очекува врнежите да продолжат не само во Вухан, туку и во многу други градови во Кина, кои се во опасност од поплавување, а милиони луѓе се загрозени.

Најризично е во провинцијата Хубеи, јаде главен град е Вухан, кој до неодамна беше најтешко погоден од коронавирусот. Како што сметаат во СЗО, пандемијата ескалира токму во овој град , во кој имаше речиси 3.900 починати.