Вулканот Попокатепетл повторно се активираше и почна да исфрла пепел, поради што властите во Мексико објавија жолта тревога за опасност.

Националниот координативен центар за одбрана на земјата соопшти дека имало емисии од пепел и вулканска гас на височина до еден километар, кои се распрснати кон југоисток, а фрагменти од блескави камења биле забележани во радиус од 900 метри.

Жолтата тревога не подразбира евакуација во областа на вулканот.