Килауеа на Хаваите денеска исфрли облак од прав и пепел до височина од 9.100 метри.

Локалните медиуми јавија дека на исфрлањето на правта и пепелта и предходела силна експлозија.

Вулканот еруптираше пред 13 дена, кога од неговиот кратер почна да истекува лава кон источната страна.

Лавата досега уништи дестина куќи и други објекти, а властите спроведоа евакуација на населенито од реоните околу вулканот.

Килауеа, кој е еден од најактивните вулкани во светот, се наоѓа во националниот парк „Вулканите на Хаваите“, кој поради ерупцијата е затворен од 11 мај.