НАТО ги проширува своите операции во вселената, петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и, неодамна и кибер-просторот, велат извори во седиштето на Алијансата во Брисел.

– Вселената е клучна за одбраната на Алијансата и за одвраќањето, за рано предупредување и за навигација, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Брисел, пред овој потег да биде потврден од 29 земји-членки – пренесува „Индекс“.

Околу половина од 2.000 сателити во орбитата на Земјата им припаѓаат на членките на Алијансата, потсети Столтенберг, напоменувајќи дека „НАТО нема намера да постави оружје во вселената.