Дали ви недостигав, праша Доналд Трамп. По некарактеристично тивкото заминување од Белата куќа, што уследи по упадот во Конгресот на 6 јануари од страна на неговите поддржувачи, поранешниот американски претседател вчера повторно се појави во јавноста на годишната средба на Конзервативната политичка акција (ЦПАЦ), која годинава се одржа во Орландо.

На почетокот на конференцијата поддржувачите на Трамп парадираа со златна статуа од поранешниот претседател, а присутните скандираа како го сакаат Трамп за време на неговиот говор. Ваквиот пречек потврди дека не постои „граѓанска војна“ во Републиканската партија.

На конференцијата беше изложена златна статуа на Трамп

Поразот не го смени однесувањето на Трамп. Тој продолжи да инстистира дека всушност ги добил претседателските избори, додавајќи дека, неговиот пораз е измама, иако нема нови докази, во текот на неговиот 90-минутен говор.

Трамп ги обвини демократите дека сакаат „да ја уништат Америка“, тврдејќи дека новиот претседател Џо Бајден има план за „укинување на граничната безбедност“ и да покани милиони мигранти преку отворените граници за уништување на американскиот живот.

Трамп индиректно ја напомена и можноста за идна претседателска кандидатура. Тој истакна дека кога Републиканската партија повторно ќе го освои Конгресот на изборите во 2022 година, „републиканскиот претседател ќе има триумфално враќање во Белата куќа“. Трамп потоа праша „се прашувам кој би можел тоа да биде“.

Сето ова ја потврдува позицијата на Трамп на врвот на Републиканската партија, заклучува „Економист“.