Од октомври во Њујорк се регистрирани 466 случаи на заболени од мали сипаници, изјавија официјални лица.

Претставниците на Секретаријатот за здравство велат дека во април се пријавени 43 нови случаи, објави АП.

Меѓу новите заболени се и ученици од две училишта кои не се припадници на ортодоксната еврејска заедница, но од верски причини им е дозволено да одат на училиште без да бидат вакцинирани.

Најмногу случаи на заболени има меѓу ортодоксната еврејска заедница.

Здравствените работници велат дека 84 лица од Вилијамсбург добиле повик за казна поради непочитување на наредбата за задолжително вакцинирање.