Во Шведска денеска е забележана најниската температура овој месец минус 39,5 степени Целзиусови, објави шведскиот хидрометеоролошки завод.

Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт соопшти дека таа температура е измерена на местото Никалуокта во Лапонија, која ги опфаќа северните делови на Норвешка, Шведска и Финска.

– Во просек, јануари во Шведска бил потопол од вообичаеното – додаде институтот.

Најниската температура досега измерена во Шведска е минус 52,6 степени, забележана во 1966 година во Лапонија.

Во Велика Британија, претходната ноќ беше најстудена оваа зима, со минус 11 степени во Шкотска.

Поради студеното време откажани се тргнувањата на возовите, додека летовите во Манчестер и Ливерпул вчера беа откажани.