Во Швајцарија е забележан првиот смртен случај од коронавирусот, соопштија властите.

Се работи за 74-годишна жена која била хоспитализирана во кантонот Вауд, пренесе Ројтерс. Таа била високо-ризичен пациент и боледувала од хронични болести.

Претходно, во Калифорнија беше прогласена вонредна состојба поради новиот вирус. Во оваа амерканска држава вчера беше регистриран првиот смртен случај во САД, надвор од Вашингтон.