Граѓаните на Хонгконг денеска организираа протести во дел од градот познат како Нова територија, по одлуката на владата привремено еден празен станбен блок да се претвори во карантин за оние кои имале контакт со луѓе со новиот коронавирус.

Демонстрантите запалија оган во лобито на центарот и фрлаа гасни бомби кон полицијата, јавува Си-ен-ен.

Одлуката за привремено карантирање на станбениот блок ја соопштија властите во Хонгконг утрово.

Во моментот никој не живее во тој станбен блок, а се наоѓа во близина на границата со Кина.

Шест случаи на луѓе заразени со новиот вирус се потврдени во Хонгконг.