Турските власти денеска уапсија вкупно 458 нелегални мигранти во северозападна Турција, јави турската новинска агенција Анадолија.

Полициски извори посочија дека 386 емигранти биле уапсени во реонот Едрене. Уапсените мигранти се државјани на Иран, на Сомалија, на Мароко и Палестинци.

При друга операција на силите за безбедност, извршена во реонот Чанакале, се уапсени 72 мигранти, кои сакале да стигнат до грчкиот остров Лезбос.

Четири лица се уапсени поради сомневање за трговија со луѓе.