Турскиот суд вчера осуди 14 новинари вработени во весникот „Џумхуриет“ на затворски казни под обвинение за тероризам, додека тројца се ослободени.

– Новинарите се осудени од 2,5 до 7,5 години затвор. Уште едно лице, кое не беше вработено во „Џумхуриет“, обвинето е за активности на Твитер и е осудено на 10 години затвор – истакна адвокатот Озден Оздемир.

Новинарите од „Џумхуриет“ се обвинети за поддршка на мрежата на Фетулах Ѓулен, муслимански свештеник, кој за Анкара е инспиратор на неуспешниот обид за воен удар во Турција во 2016 година.

Осудените ги негираат обвинувањата.

– Ова не е пресуда по законот. Ова е политички случај – посочи Оздемир.