Туниските власти соопштија дека жена бомбаш-самоубиец се убила себеси и своето бебе за време на антитерористичките операции во планинската зона во провинцијата Касирин.

– Уште двајца исламистички екстремисти беа убиени во безбедносните операции – се вели во соопштението на туниското Министерство за внатрешни работи.

Во една операција, туниските сили следеа екстремистичка група во областа на планината Салум, во провинцијата Касерин. Убиен е џихадист, чија сопруга потоа се самоуби активирајќи експлозивен појас, се вели во соопштението.
Од експлозијата загина бебето кое го држеше в раце, додека постарата ќерка преживеа, соопшти Министерството.

Властите соопштија дека е првпат да се регистрира присуство на жена меѓу џихадисти кои се засолниле во областа.
Во друга операција, во областа на планината Мгила, безбедносните сили го убија осомничениот водач на туниската група Џунд Ал Калафах, се наведува во соопштението.

Групата вети верност на Исламската држава и се верува дека стои зад неколку напади во Тунис во последните неколку години.