Вкупно 42 мигранти биле уапсени откако ја поминале границата мешу САД и Мексико, обидувајќи се на сила да влезат на американска територија.

Повеќето уапсени биле полнолетни мажи. Тие биле меѓу 500-тината кои е обиделе да ја преминат границата во Тихуана, пред да бидат запрени од американските безбедносни сили со созавец и гумени куршуми.

Во исто време, американскиот претседател Доналд Трамп ги повика мексиканските власти да ги вратат мигрантите во нивните татковини.

– Мексико треба да ги врати назад во нивните земји мигрантите кои мавтаат со знамиња, од кои многумина се ладни криминалци. Направете го тоа со авион, направете го тоа со автобус, направете го тоа како што сакате, но тие нема да дојдат во САД. Ние трајно ќе ја затвораме границата ако е потребно. Конгрес, финансирајте го ѕидот – напиша Трамп на Твитер.