Авион со 18 патници и три члена на посадата се запали денеска во текот на полетувањето во близина на аеродромот во Брукшир во САД. Во несреќата само две лице се здобиле со повреди, а сите други патници се спасиле без повреди.

Аеродромот во Брукшир се наоѓа недалеку од Хјустон во Тексас. Авионот „Мекдонел даглас МД-87“ поминал низ оградата додека се обидувал да полета од аеродромот и се запалил покрај пистата.

За време на несреќата во авионот се наоѓале 21 лице – 18 патници и три члена на посадата. Сите го преживеале инцидентот, а само двајца од патниците се пренесени во болница. Меѓу патниците во авионот имало и десетгодишно дете, пренесува ABC13.