САД ги вратија последните Американци за кои се верува дека биле држени во притвор во Сирија и кои биле обвинети за подршка на таканаречената Исламска држава, соопшти американското Министерство за правда.

Овој потег би можел да и` пружи силна позиција на администрацијата на Доналд Трамп во обидот да ги убеди другите земји да ги вратат и ако е потребно кривично да ги гонат државјаните кои отишле на Блискиот Исток за да пружат поддршка на Исламска држава, оценува „Њујорк тајмс“.

Во соопштението на американското министерство се наведува дека четворицата вратени Американци биле дел од групата од 1.000 мажи од повеќе од десетина држави, кои биле во затвор во северна Сирија.

Тие четворица пролетта минатата година биле заробени од Сириските демократски сили, кои се предводени од Курдите.

Според информациите, тие се обвинети дека на групата и` пружале материјална помош.