Во урнатините од зградата кој во саботата се сруши во Сиханоуквиле, Камбоџа пронајдени се двајца преживеани мажи, со што, според последните податоци, во несреќата загинале најмалку 28 лица.

Иако спасувачите веќе загубиле надеж дека ќе најдат преживеани, двајцата мажи биле извлечени од бетонот и металните шипки и биле одвезени во болница. Од урнатините истовремено извлечени се уште три мртви тела.

Премиерот на Камбоџа, Хун Сен, најави инспекција на сите градилишта во туристичкиот град кој стана привлечна атракција за голем број кинески инвеститори.