Од уапсените речиси 1.600 лица во протестите во Хонгконг од јуни, 29 проценти се студенти и ученици, соопшти полицијата, повикувајќи ги младите луѓе да тргнат по вистинскиот пат.

Шефот на полициското одделение за односи со јавноста Це Чун Чунг рече дека само овој месец се уапсени 207 ученици и средношколци и покрај почетокот на учебната година, а во јули и август се уапсени 257 лица.

Тој додаде дека бројот на тинејџери кои учествуваат во насилни злосторства се зголемува и дека некои веќе се осудени.