Дваесет и деветгодишна жена денес во Полска роди шесторка, што е прв случај во земјата.

Бебињата, од кои четири се девојчиња а две момчиња, се родени со царски рез на Универзитетската болница во Краков, Полска.

Мајката и новороденчињата се добри, објави АП, истакнувајќи дека веројатноста да се роди шесторка е една во пет милијарди.

Претседателот Анджеј Дуда им честиташе на родителите и лекарите на Твитер, додека локалниот фудбалски клуб „Краковија“ им понуди доживотни билети за нивните натпревари со порака дека им „држат палци” на бебињата.